(ФОТО) Адријана Алачки: Децата се мои најважни животни Гран При награди

Добивај вести на Viber

Со „Вкусот на традицијата“ секојдневно не инспирира за нови експерименти во кујната, но надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. 

По тој повод, Алачки покрај фотографиите од превкусните рецепти, не заборава да сподели и слика од своето најголемо богатство. 

Секогаш под фотографиите пишува искрени пораки кои ја покажуваат нејзината љубов кон најмилите.

- Моментот што ме враќа во реалноста и ме освестува... дека овде почнува и завршува се... ова е темелот... на кој што градиме секој божји ден по малку и тоа што ме држи цврство на земјата...тоа се моите деца...душата моја и мојот здив- напиша Алачки.

„Децата се мои најважни животни Гран При награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела“, изјави Андријана во претходно интервју за Женски магазин. 

Таа со гордост додаде дека синот Благоја дипломирал на Правниот факултет и сега стаижира во една адвокатска канцеларија. Ќерката Грациела е вработена во една банка и е магистер по економски науки.