Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Амал Клуни во летен фустан кој ги истакнува облините
Амал Клуни и нејзиниот сопруг на одмор кај езерото Комо во Италија. Фотографиите од нивната романтична вечера уште еднаш покажаа дека славната адвокатка за човекови права не знае да погреши со својот избор на облека.
За оваа прилика таа избра фустан од „Michelle Mason“ од овогодишната колекција „Resort" со нејзиниот омилен дезен.
Поточно, таа избра модел со висок шлиц и нагласени хоризонтални линии кои ја прошируваат фигурата и и даваат волумен.
Фустанот моментално е на попуст и може да се купи по цена од околу 470 евра.