Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) Амала Клуни на доделувањето на Нобеловите награди во креација од 2.000 евра
Амал Клуни, познатата адвокатка за човекови права и сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни, блесна на доделувањето на Нобеловите награди во Осло во креација вредна 2.000 евра.
Станува збор за комплет од новата колекција на Оскар де ла Рента. Амал овој едноставен аутфит одлично го надополни со дијамантски обетки.
Нобеловата
награда замина во рацете на Надиа Мурад, припадничка на ирачката религиска
секта Џезиди која и самата била жртва на сексуално насилство, откако ја заробиле милитаристи на исламската држава. Токму Амал пред неколку години стана нејзин
официјален правен застапник.