(ФОТО) Арчи во прегратките на татко му, емотивна фотографија на принцот Хари со синот

Малиот принц Арчи, синот на актерката Меган Маркл и на англискиот принц Хари на 6 јуни наполни еден месец. Денеска, на официјалниот Инстаграм профил на кралската двојка е објавена фотографија од бебето во прегратките на својот татко.

„Среќен ден на татковците. И му го честитаме првиот специјален Ден на татковците на Војводата од Сасекс“, стои во објавата која за неполни 20 минути има близу 240 илјади лајкови.