(ФОТО) Атиџе ми подари тегла: Џејми Ли Кертис се пофали пред два милиона луѓе

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот инстаграм-профил на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.

- Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! - напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за нашето ремек-дело, документарниот филм „Медена земја“ со кој испишавме оскаровска историја.

- Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум - напиша таа.