(ФОТО) Белите патики на Гвинет Палтроу се хит меѓу холивудските убавици

Добивај вести на Viber

Веќе одамна е познато дека секоја жена во својот плакар мора да има барем еден мал црн фустан на кој ќе може постојано да му се навраќа. Но, она што последните неколку сезони се покажа како Must have парче дефинитивно се белите патики кои одговараат апсолутно на секоја комбинација.

Овие обувки секогаш се добра инвестиција, а постои еден конкретен модел на кој се навлекоа многу холивудски ѕвезди, меѓу кои и актерката Гвинет Палтроу. 

Класичните бели патики со едноставна црна панделка се дело на бразилскиот дизајнер Alexandre Birman.

Секако дека постојат поевтини модели, но доколку имате можност и навистина сакате да инвестирате токму во овие патики, ќе мора да одвоите 400 евра.