Животна училница // Приказни
(ФОТО) Без грам шминка: Јелена Розга во природно издание изгледа двојно помлада
- 20 Август, 2020
Јелена Розга е позната не само по специфичниот глас, туку и по својата убавина и харизма. Со нејзиниот нежен изглед, таа важи за една од најубавите пејачки во регионот.
Розга иако не носи премногу нападна шминка, сепак, препознатлива е по црвениот кармин и “ајлајнерот“ околу очи, а немаме многу често можност да ја видиме во тотално природно издание.
Овој пат отиде чекор подалеку и објави селфи без грам шминка.
Пејачката сега е во својата 42-ра година, но судејќи според оваа фотографија, тоа не се забележува. Имено, нејзината кожа изгледа многу витална и нежна, а недостатокот на шминка не ја намалува нејзината убавина.
- Насмевката донесува насмевка - напиша Розга.