(Фото) Боледува од мултиплекс склероза: Актерката во солзи на Инстаграм
Актерката Селма Блер (46) во октомври годинава, откри дека и била дијагностицирана мултиплекс склероза.
Ѕвездата на филмовите „Врисок" и „Legally Blonde" напиша признание на социјалните мрежи, дека таа со години ги чувствувала симптомите, но нејзината дијагноза е поставена дури во август годинава.
- Јас сум во ред, но ми беше тешко да ја прифатам дијагнозата кога ми кажаа. Јас сум инвалид. Паѓам. Испуштам работи.Заборавам. А, левата страна од моето тело бара инструкции од расипаниот GPS. Но, успевам. Јас сум насмеана и не знам што ќе правам, но знам дека ќе го дадам најдоброто од себе - напиша Селма на својот профил на Инстаграм и додаде дека нејзиниот костимограф за време на снимањето на серијата „Another life“ секојдневно и помага да се облече.
Сега Селма објави своја фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм, со нејзините очи во преден план и размачкана шминка. Она што ја вознемири актерката е лош сон.
- Бев опкружена со луѓето што ги сакам, но не можев да станам од кревет. Бев тажна и слаба. Косата ми беше заплеткана на задната страна на креветот и ме влечеше назад, кога се обидов да ги прашам каде одат. Не го чувствував влечењето на косата, но знаев дека им изгледам страшно. Успеав да ги прашам, но ме оставија зад себе и бев изгубена. И во овој делириум од сон, знаев дека не им припаѓам на живите и дека ќе најдам начин да умрам- го опиша Селма ужасниот сон и додаде:
„Ова не мора да биде по секоја цена објава за болеста и траума во врска со тоа. Воопшто не се сожалувам во животот".
Блер истакна дека ова е трауметичен дел од нејзиниот живот, како и дека веќе не се теши со алкохол, но прифаќа да чувствува и доживува што и се случува.