(ФОТО) Бора Чорба го „умреа“ во Белград: Морбидна фотографија на познатиот рокер

По настапот на митингот „Иднината на Србија“, предводен од српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, не престануваат нападите на групата „Рибља Чорба“ и на нивниот фронтмен Бора Ѓорѓевиќ, пишува Новости.рс.

Освен навредливите пораки, на социјалните мрежи се појавија објави дека некои радио-станици веќе нема да емитуваат музика од “Рибља Чорба“. Но, се појави и една морбидна фотографија, некролог со ликот на Бора Чорба, на кој пишува дека тој  „починал“ на 19 април во 67. година од животот. Во текстот стои дека Бора „починал“ додека му паднал под нозе на како што се вели- најголемиот предавник на Србија. 

Во потписот стојат некогашни големи фанови на групата кои велат дека од сега ќе го бојктираат секој настап на „Чорба“.