(ФОТО) Ботокс, филери или нешто друго: Што се случува со лицето на Саша Ковачевиќ?
Од време на време, домашната јавност е шокирана од трансформациите на познати жени на јавната сцена поради редовните и прекумерните естетски зафати на лицето, а овој пат во фокусот е - маж!
Имено, на Инстаграм и Твитер веќе неколку дена кружи колаж од две фотографии на пејачот Саша Ковачевиќ - едната од почетокот на неговата кариера, а другата е од шоуто во кое пејачот гостувал минатата недела.
Корисниците на Твитер се согласија дека пејачот има ботокс на челото, бидејќи веќе ги нема брчките што ги имаше до неодамна.
Всушност, и веѓите му се подигнати повеќе од вообичаено, а некои сметаат дека покрај ботокс, тој ги нагласил и јаболчниците.
„Стероиди“, „Ботокс“, „Тажно“, „Блам“, „Не верувам дека тоа е естетска хирургија, повеќе би рекла дека „грдо старее“, „Бредли Купер за сиромашни“, „Кој е овој од десната страна“, се само некои од многуте коментари за сметка на изгледот на пејачот.
Што мислите вие? За што се работи?