(ФОТО) Бреговиќ пречекан со роденденска песна во Скопје

Оркестарот на Македонската Филхармонија му приреди специјално изненадување на Горан Бреговиќ на концертот кој е во тек во ВИП Арената. 

Оркестарот, хорот и неговиот Оркестар за свадби и погреби му ја исполнија роденденската песна Happy Birthday.

Босанскиот музичар токму денес полни 69 години. Во Скопје е за да го промовира новиот албум Три писма из Сарајева. (М.Џ.) 

Фото: Вангел Тануровски