(ФОТО) Бремената Луна Џогани ужива на Јахорина: Без шминка и со трудничко стомаче

Луна Џогани и Марко Миjковиќ веќе неколку дена уживаат на Јахорина, каде, судејќи според фотографиите на Инстаграм, ја дочекаа 2021 година.

Поранешната ријалити ѕвезда ја дочека 2021 година со музика и прегратки од нејзиниот вереник, облечена во џемпер и црно здолниште со длабок струк.


- Среќна Нова година, драги мои луѓе. Ви посакувам здравје, бидејќи тоа ни недостасуваше во претходната! Претходната ќе го паметам како најубава. Нашата ќерка Миа доаѓа на свет! Ќе бидам мајка оваа година. Сакајте се, грижете се и бидете внимателни. Жвотот вреди многу - напиша таа на својот профил на Инстаграм.


Српскиот портал „Телеграф“ наиде на фотографија на која се гледа како изгледа Луна на Јахорина во текот на денот. Таа беше фотографирана без шминка, додека седеше во еден бар, топло наоблечена во согласност со студеното време.

Фото и извор: telegraf.es