(ФОТО) ДЕНЕС ПОЛНИ 60 ГОДИНИ, А МАЖИТЕ УШТЕ СЕ ЛУДИ ПО НЕА: Шерон Стоун во најсекси изданија

Славната актерка Шерон Стоун, е една од најпосакуваните жени на светот, а денес, 10 март, наполни 60 години.
Холивудската ѕвезда, која во текот на кариерата снимила повеќе од 130 филмови, и понатаму е сон на бројни мажи, а ред е да се потсетиме на нејзините најсекси изданија.
Секако, Шерон ја паметиме по главната улога во „Ниски страсти“ во која ја играше фаталната Кетрин Тремел.
Ретко кој не се сеќава на оние „безобразни“ и врели сцени во кои Кетрин ги прекрстуваше нозете пред детективите кои ја приведуваа на информативни разговори. Како што е познато, немала долна облека.
Шерон во „Ниски страсти“ глумеше заедно со Мајкл Даглас, со кој за потребите на ова филмско остварување сними бројни секси сцени.
Еве и некои од нив.
Важи за исклучително паметна жена, а како се зборува нејзиниот IQ изнесува дури 148.
Шерон во својата седма деценија на животот го привлекува вниманието на разни настани.
За ова секси издание доби бројни пофалби.
А вака изгледа во бикини.