(ФОТО) ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА: Џенифер Лопез со нов имиџ ги шокира обожавателите

Џенифер Лопез е една од омилените светски ѕвезди која и денес остава впечаток како да е „девојка од соседството“ со која секој би можел да седне и да се напие кафе. Актерката и пејачка секогаш се труди да ги изненади своите фанови, а сега ги изненади малку повеќе.

За потребите на снимањето на спотот за нејзиниот нов сингл пејачката носеше креација на модната куќа „Версаче“ но исто така ја променила и бојата на коса! Таа се офарбала како русокоса и ставила надградба што воодушевило многумина.


Дали и понатаму ќе остане русокоса или ќе ја врати својата смеѓа коса која и е заштитен знак во текот на целата кариера останува да видиме.