(ФОТО) Ева Лонгорија во прекрасен црн фустан на македонски дизајнер

Добивај вести на Viber

Актерката Ева Лонгорија предизвика вистинско внимание на премиерата на новата серија „Гранд Хотел“ која ќе почне да се емитува на 17 јуни на „Еј Би Си“. Атрактивната бринета доакажа дека малиот црн фустан никогаш не излегува од мода, појавувајќи се на премиерата во Мајами со креација на славниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. 

Прекрасниот фустан, со асиметричен крој на едното рамо, го надополни со класични црни сандали потпишани од Џанвито Роси.

Матичевски, дизајнер со македонско потекло кој живее во Австралија, веќе извесно време е дел од стилските избори на многу познати жени, меѓу кои е и Џенифер Лопез. Во неодамнешното интервју за „Ел“, зборуваше за својата работа.

- Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен  - изјави Матичевски за „Ел“.