(ФОТО) ФЕНОМЕНАЛНО ИЗДАНИЕ НА МЕГАН: Маркл блесна во оваа комбинација
Избирајќи ја комбинацијата на британската креаторка Amandа Wakeley, инаку омилена дизајнерка на принцезата Диана, преубавата Меган и оддаде посебна почит на најомилената принцеза на светот која трагично загина во 1997 година.
Без исклучок и овој пат сите очи беа насочени во Меган и нејзината фантастична комбинација на стилска сведеност и француски шик. Заедно со останатите членови на британското семејство, идната сопруга на принцот Хари, шармантната Меган Маркл присуствуваше на официјален настан во Вестминстерската палата.
Нејзиното појавување предизвика големо внимание, соодветно на нејзините елегантни манири, идна титула но и феноменален моден избор .
За разлика од Кејт која за оваа прилика избрала старомоден тегет комплет со шешир, Меган блескаше во крајно едноставни, но ефектни парчиња.
Модната комбинација Меган ја заокружи со Manolo Blahnik тегет салонки, како и Mulberry clutch ташна.