(ФОТО) Ги издаде дијамантскиот прстен: Славниот пар е веќе верен?

Холивудската актерка Руни Мара (34) се вери со своето долгогодишно момче, исто така актер Хоакин Феникс (44), актерот познат по улогата на „Џокер“.

Фотографите неодамна направија фотосесија од ѕвездата на филмот „Девојката со тетоважа на змеј“, каде на нејзината рака од фотографијата е забележано дека носи голем дијамантски прстен.

Потпаролите на славниот пар не сакаа да ја коментираат оваа забелешка.

Руни и Хоакин ја започнаа својата врска во 2016 година, а прв пат во јасвноста се појавија заедно во еден италијански ресторан. Во 2013 година соработуваа заедно на филмот „Her".