(ФОТО) Го освои светот: Балканска девојка рекреира фустани од Мет Гала

Добивај вести на Viber

 Првиот понеделник во мај обично е резервиран за најгламурозната ноќ во модната индустрија - Мет Гала балот. 

Како и да е, годинешниот настан, што требаше да се одржа, е одложен на неодредено време заради пандемијата на коронавирус.
Откажувањето ги остави љубителите на модата ширум светот жестоко разочарани, но добра вест е дека постојат алтернативи.
Светските ѕвезди не се воздржаа, па покажаа што би носеле доколку балот се одржеше.
Додека, за да ја одбележат Галата, корисниците на социјалните мрежи учествуваат во  Мет Гала предизвикот.
#MetGalaChallenge ги охрабрува луѓето да го рекреираат својот омилен изглед од познатите низ годините и да споделат фотографии на социјалните медиуми.

Со нејзините ре-креации, светот го освои девојка од Косовска Митровица - Сања Нестровиќ
Нејзините фотографии станаа вирални, а ги објавија и дел од реномираните модни списанија, како Вог.

Еве чии изгледи ги ре-креираше Сања:

Криси Тиген

Кајли Џенер

Џенифер Лопез

Селин Дион

Кендал Џенер

Кара Делавињ

Емили Ратајковски

Адриана Лима

Ријана

Блејк Лајвли

Лејди Гага

Фотографии од начинот на изработка и материјалите кои ги користи: