(ФОТО) Го врати времето назад: Мерием Узерли на филмскиот фетсивал во Венеција изгледа како Хурем Султан

Добивај вести на Viber

Убавата актерка со турско потекло, Мерием Узерли, кај нас позната како Хурем Султан, беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, каде заблеска со преубава тоалета.

Со аутфитот многумина ги потсети на својата најдобра улога и навистина беше величествена како Хурем.

Станува збор за раскошна тоалета во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанско-италијански дизајнер Тони Вард.

Магичната тоалета со своето широко здолниште исполнето со ситни циркони, направи Мерием да изгледа како принцеза од бајките.

Носеше раскошно ланче од венецијаскиот креатот на накит, а косата ја украси со специјален детал. Врзана во ниска пунџа, а нејзината фризура беше покриена со преубаво и богато украсено венче кое потсетуваше на круна.

Мерием со своите модерни модни комбинации и порано привлекуваше внимание. Уште го паметиме овогодинешното нејзино појавување на Филмскиот фестивал во Кан, во сензуална тоалета.

Актерката има само 35 години, а фановите многу ѝ замеруваат дека си го уништила лицето со пластични операции.