(ФОТО) Иако е зима: Северина изгледа одлично во костим за капење

Познатата хрватска пејачка Северина веќе извесен период живее во Хрватска, поблиску до синот, но подалеку од сопругот Игор Којич, син на пејачот Кеба, за кој се шпекулира дека се во бракоразводна постапка, но парот официјално сеуште не излегол со коментар за овие пишувања во медиумите.

Севе реши да и пркоси на зимата, па на својот Инстаграм објави фотографија од себе во костим за капење.

Имено, таа позираше во сино бикини покрај базен. Фотографијата собра над 20.000 лајкови за само два часа, а нејзините следбеници наскоро оставија бројни коментари под објавата.


"Големо сино. Сакам што се сакаме. Љубовта се враќа со љубов", напиша Северина.


Фото: Инстаграм/severina

Можеби ќе ве интересира:

Северина пред три децении: Се појави видео од почетокот на нејзината кариера