(ФОТО) Иднината на модата: Еволуција на новиот неопходен моден додаток
Ковид-19 разбирливо, ќе има долгорочен ефект врз тоа како повторно да се вклучиме во секојдневните активности и поширокиот свет. Сите ќе мора да интегрираме форми на социјално растојание и заштитна опрема во нашите секојдневни рутини.
Со новите мерки, на ниво на цел свет, задолжително е носењето на заштитни маски.
Па луѓе ширум светот креираат и смислуваат начини како на модерен начин да ги вклопат маските во модата и секојдневието.
Маските се тука за да останат. И тие брзо стануваат начин да се изразиме во модата. А модата секогаш наоѓа начин. И така, маската за лице - некогаш чисто функционална, некогаш перцепирана како егзотичен аксесоар - еволуира со брзината на светлината.
Маските се сигурно дел од нашата иднина. И, на некој начин, нивната еволуција е совршен одраз на тоа колку животот се смени.