(ФОТО) Игор Џамбазов: Носталгично сеќавање на семејството

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил носталгично се присети на семејно летување од пред 40 години. Актерот, кој во моментов е во Дојран, објави слика токму од Дојран на која е татко му, маестро Александар Џамбазов, мајка му, Анче Џамбазова и баба му и дедо му Петре Прличко и Нада Прличкова.

„Хаха, што сум нашол. Семејствата Прличкови и Џамбазови, авто-камп Ачикот, Дојран, 1979. Сестра ми ја нема, она фотографира“, напиша Џамбазов под фотографијата.