(ФОТО) Илина, ќерката на Сара Мејс и на Димитар е копија на мама

Пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во времето поминато со својата ќерка Илина, која пред неколку дена наполни 7 месеци.

На Инстаграм, таа често објавува фотографии од својата ќерка. 

Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски станаа родители на Илина лани во септември. Во нивната омилена активност, времето поминато во природа и на планина, сега ги дружи и Илина.

„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко, а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара неодамна. 

На фотографиите се гледа дека Илина многу наликува на својата мајка.