(ФОТО) Имаат ќерка и син: Се запознаа на „Survivor“ и сè уште се заедно

Добивај вести на Viber

Реалното шоу беше местото каде се запознаа и се заљубија еден во друг

Едномесечната авантура на Филипини во реалното шоу „Survivot“ се претвори во нешто многу повеќе, па манекенката Бојана Баровиќ и пејачот Никола Роквиќ стапија во брак.

Нивната љубов трае со години, а ја крунисаа со раѓањето на ќерката Леона во 2016-та година. Тие се горди родители и псотојано споделуваат слатки фотографии од неа.

Никола и Бојана во февруари годинава станаа родители на уште едно дете, синот Симеон.

- Бог не благослови денес со нов член на семејството. Храбрата мама Бојана на свет ја донесе нашата љубов Симеон- напиша популарниот пејач на својот профил на Инстаграм.

- Секој кој не познава, знае колку е Лена е поврзана со мене (да не кажам посесивна), и затоа пред нас е огромна задача да го направиме доаѓањето на братчето полесно и поблиско на сите можни начини. Секој ден го гушкаме бебето, ја средуваме заедно неговата облека, го местиме креветчето, а имаме и неколку кукли бебиња каде што вежбаме менување на пелени, хранење и сл. Засега можам да кажам дека е многу среќна што ќе добие брат, а јас сепак малку скептична дека сето тоа така лесно ќе помине - раскажа убавата манекенка Бојана, непосредно пред раѓањето.

Никола пак во една прилика потврди дека малата Леона едвај чека да го чува своето братче.

Првиот роденден на Леона