Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) ИЗНЕНАДУВАЧКИ ЕЛЕГАНТНА: Лејди Гага блесна на Оскарите
Во креација на Александар Меквин Лејди Гага блесна на оскаровската ноќ.
Сите очи оваа вечер се вперени кон пејачката која испишува историја. Таа е првата ѕвезда на која ѝ успеало во иста година да биде номинирана за најдобра актерка и за најдобра оригинална песна.
Филмот „Ѕвездата е родена“ во кој игра заедно со Бредли Купер, кој е и режисер на остварувањето, има 8 номинации и тоа во главните категории. Тој е номиниран за најдобар актер, а на церемонијата дојде со неговата мајка и со партнерката Ирина Шајк.