(ФОТО) Јелена Јованова со сопругот на Сараево филм фестивал
Македонската актерка својот животен партнер го запозна во Загреб на снимањето на серијата „Тајни“. Романсата од малиот екран со колегата Стјепан Периќ продолжи и во вистинскиот живот.
Деновиве е актуелен Сараево филм фестивал, на кого се појавија голем број славни личности, меѓу кои и нашата актерка Јелена Јованова со сопругот Стјепан Периќ.
Парот присуствуваа на прославата на 10 роденден на Агенцијата за таленти „Зона“, а за таа пригода, актерката се појави во лежерна комбинација, фустан во бела боја и транспарентна блуза на горниот дел во беж нијанса, во која беа и сандалите со отворени прсти. Тоа што посебно се одвојува од целиот изглед е плетената чанта со зелени детали.
Нејзиниот сопруг Стјепан Периќ беше облечен во панталони и кошула со свиткани ракави. Јелена и сопругот изгледаа едноставно, а сепак модерно и во согласност со пригодата на која присуствуваа.