(ФОТО) Јелена Розга пред 20 години и сега: Нема да верувате дека воопшто не се променила

Пејачката Јелена Розга ги потсети своите следбеници и обожаватели на социјалните мрежи како изгледаше пред 20 години, кога беше на самиот почеток на нејзината успешна музичка кариера.

43-годишната Јелена објави фотографија на која позира пред својот црно-бел портрет направен многу одамна, а веднаш доби голем број комплименти бидејќи многумина заклучија дека скоро и да не се променила воопшто.

„Некогаш и сега“, напиша кратко на објавата.


„Кој е убав, секогаш е убав“, „Секогаш ист“, „Убава тогаш, убава сега“, „Ти си најубава“, „Отсекогаш си иста“, „Како вино“, „Што тогаш и сега, помислив дека е ова сега? Никакви промени "- заклучија нејзините следбеници.