(ФОТО) Јован Јованов и Роберт Саздов со мајките во Лас Вегас

Композиторот и продуцент Јован Јованов, кој веќе три години живее во Канада, ги пречека својата мајка и брат на гости. Во моментов, Јованови се на семејно патување во Калифорнија. На социјалните мрежи, Јован и неговиот брат, продуцентот Иван Јованов, објавуваат фотографии од Лас Вегас и од Беверли Хилс со нивната мајка. 

Лас Вегас е редовна дестинација за одмор и на музичарот и продуцент Роберт Саздов, кој таму исто така замина со неговата мајка. Јованов и Саздов редовно се среќаваат кога и двајцата ќе се погодат во САД. 

Јованови со Саздов со мајките во Лас Вегас 

„Во Канада прилично бргу се вклопивме. За неполни две години, јас го отворив моето музичко студио, направив доволно контакти во музичкиот свет и целосно работам и живеам од музика. Го правам истото што го правев и во Македонија. На мојот сајт www.jovanjovanov.com, често поставувам песни што ги работам за тука. Мојата сопруга работи во својата струка, како инженер во компанија за производство на автомобили. Ќерка ми има 6 години и перфектно се вклопи тука. Мене лично ми се допаѓа Торонто“, изјави Јованов во интервју за Женски магазин.