(ФОТО) Како да го украсите ентериерот со обична марама: 4 интересни начини

Добивај вести на Viber

Немојте да ја фрлите старата „марама“. Овој додаток можете да го искористите во дизајнот на вашиот стан. Ви претставуваме четири едноставни идеи како да ги искористите марамите за декор во вашиот ентериер.

Направете перници


Ако сте пронашле неколку идентични марами тогаш можете едноставно да направите декоративни перници. Имајте на ум дека марамата мора да биде доволно голема. Замоткајте ја перницата со марама и зацврстете ги нејзините краеви со убави јазолчиња.

Марама во рамка


Во случај да имате старомодна марама, можете да ја направите вистинско уметничко дело. Само поставете ја марамата во убава рамка. Идеално решение за спална соба или дневен престој.

Декор за прослави

Големи или мали марами може да се користат и како декорација за родендени. Едноставно можете да ги врзете марамите заедно, да ги свиткате во триаголник или да ги врзете на оригинални начини.

Чаршав

Сакате брзо да направите оригинален чаршав? Составете неколку марами и изненадете ги своите гости.