Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Како Војвотката Меган Маркл носи тексас по последна мода?
Вчера, во елитниот поло клуб „Guardians" се собраа најпрестижните членови и нивните најблиски да присуствуваат на финалниот натпревар на Кралскиот Поло Куп 2018 година.
Меѓу нив беше и принцот Хари, кој пристигна на финалниот натпревар во придружба на неговата сопруга, Војвотката Меган Маркл.
За оваа прилика, поранешната актерка избра тексас фустан од Каролина Херера. Меган го закружи овој фенси стајлинг со извонредни високи потпетици „Aquazzura“ и мала плетена торба.