(ФОТО) Како за сефте родители,бевме смотани: Ќерката на Јана Бурческа е цела на тато
Најголемата среќа на пејачката и водителка на емисијата „Стисни плеј“, Јана Бурческа се ќерката Дона и сопругот Александар.
Јана објави фотографија од своето семејество на која се гледа дека Дона многу наликува на својот татко, но потсетува и на Јана. „Љубов“, напиша Јана под фотографијата од ќерката и о од сопругот, кој е гитарист во бендот со кој Јана настапува.
„ Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот. Цела е на тато! Како за сефте родители се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами“, изјави Јана претходно за Женски магазин.