(ФОТО) Кејт Мидлтон и во бременоста не се откажува од омилената модна формула
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон која неколку недели ја делат од терминот за породување, и во бременоста им остана верна на своите женствени креации.
Таа продолжува со своите протоколарни должности, па добро расположена го посетила Royal Society of Medicine во Лондон.
Со ведри тонови, убавата бринета му донесе пролет на ветровитиот Лондон.
Не е новитет дека војвотката од Кембриџ со задоволство носи пастелни тонови па така и овој пат се одлучи за проверен стајлинг: фустан и капут од нејзината омилена дизајнерка Јени Пекман чии креации Кејт обожава да ги носи.
Едноставниот изглед го дополнија чевлите од превртена кожа во „nude“ нијанса, благодарение на неутралната боја која одговара речиси на скеоја комбинација а нозете ги прави долги и витки.
Кејт и овој пат се одлучила за зелената која пригодно ја носела и на денот на Свети Патрик, заштитник на Ирска, кога кралската двојка и се придружи на парадата која се одржа во Лондон.
Нека оваа боја биде и ваша омилена оваа пролет.