(ФОТО) ЌЕ ДОМИНИРААТ: Модели фармерки во кои ќе бидете модерни оваа пролет

Добивај вести на Viber

На прашањето кои модели на фармерки ќе доживеат голема популарност во пролетните месеци се обидовме да најдеме одговор.

Иако skinny фармерките поради повеќегодишното владеење на модната сцена се сметаат безвременски, модната индустрија во последните сезони интензивно се фокусираше на ретро модели кои во популарност заменуваат многу омилени фармерки од skinny крој.

Според експертите ова се клучни типови на фармерки кои горделиво ќе владеат со модната сцена во наредните месеци.

Силни силуети


Во новата пролетна сезона посебен акцент ќе биде ставен на силуетите. Фармерките со рамни ногавици, висок струк, скинати или широки ногавици, според зборовите на експертите се модели кои ќе доминираат оваа пролет.


Трендот на нежни пастелни тонови на пролетните парчиња и модни додатоци се преслика и во светот на фармерките.