(ФОТО) Ќерката на Црнокрак по стапките на мајка ѝ

Моника Црнокрак, ќерката на Мики и на Светлана Црнокрак, беше дел од моделите на скопскиот Саем за фрузири кој се одржа во Македонската опера и балет.

Црнокрак објави фотографија од својата постара ќерка во оригинално издание. Минатата година, Монија освои титула за убавина, таа Мис фотогеничност на изборот за Мис лето Интернационал, во Киренија, Кипар.

„Моника успеа да ја освои титулата „Мис фотогеничност“  на нејзиниот прв интернационален настап како претставничка на Македонија, и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули“, ни изјави тогаш Мики Црнокрак. Помалата сестра на Моника, Нина има седум години.