(ФОТО) Колинда од глава до пети како Меланија Трамп: На која подобро ѝ стои?

Добивај вести на Viber

Откако цел свет дозна за неа на Светското фудбалско првенство во Русија, медиумите го следат секој чекор на Колинда Грабар-Китаровиќ. Овојпат хрватската претседателка се најде во фокусот со аутфитот кој го одбра за средбата со израелскиот колега Реувен Ревлин. 

Колинда се одлучи за светлосин костум, речиси идентичен со оној што го носеше Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. Китаровиќ за овој настан одбра и исти чевли како оние на Меланија, а дури се одлучи и за иста фризура, пишуваат хрватските медиуми.

Во таа прилика првата дама на САД, пак, многумина ја споредија со Џеки Кенеди.