(ФОТО) Лемурите во зоолошка уживаа во друштво на познат македонски модел

Зоолошката градина во Скопје продолжува да ја спроведува кампањата за заштита на животните, како и за потсетување на посетителите дека не треба да фрлаат нездрава храна, која штетно влијае на нивното здравје.

Овој пат гостин во ЗОО Скопје беше познатиот македонски и светски модел, Катарина Ивановска. Таа како и познатите пред неа кои се приклучија на кампањата, не можеше да одолее на друштвото на лемурите.

Очигледно лемурите се вистинска атракција во скопската зоолошка градина.