Животна училница // Приказни
(ФОТО) Личните предмети на За За Габор се продадени - колкава е сумата?
- 16 Април, 2018
Облеката, сувенирите и другите лични предмети на актерката За За Габор, која почина на 99 години во декември 2016 година, се продадoа на аукција за повеќе од 900.000 долари.
Златниот ѓердан со дијамант е продаден за 20.000 долари.
Аукцијата за наследство објави дека портретот на актерката изработен од Маргарет Кин е продаден за 45.000 долари, со што стана најскапо продаден предмет на аукцијата во саботата.
Големото пијано „стенвеј“, кое се користеше за филмот за Либераче, „Зад канделабрата“, се продаде за речиси 24.000 долари.
Меѓу стотиците продадени предмети биле белешки, костими, фотографии на Габор со ѕвезди како Џони Карсон, Клорис Ликман и со Роналд и Ненси Реган.