Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Лила Стојановска повторно провоцира во тренди бикини
Познатата македонска водителка продолжува со серијата фотографии на социјалните мрежи, но овој пат во тренди костим за капење.
Лила Стојановска реши да се разлади од топлото време покрај базен и тоа со бикини со реси, кои и сезонава се апсолутен хит.
По тој повод, водителката објави фотографии на социјалните мрежи, а од нив можеме да заклучиме дека Лила навистина знае како да испровоцира. Можеби за некого тоа ќе биде костимот за капење, а некому повеќе ќе го испровоцира потребата од заминување на одмор или во најмала рака, посета на некој од локалните базени.