(ФОТО) Лоба по втор пат објави дека ќе се мажи

Поп-пејачката Викторија Лоба по втор пат објави дека ќе се мажи. Лоба во естрадниот магазин "Бекстејџ" го покажа свршеничкиот прстен и најави свадба со Ѓорѓи по долгогодишна врска.                        

                                                                                                                                     "Можеби сум се омажила, а вие уште не знаете", изјави пејачката за "Женски магазин" во февруари, на традиционалниот Саем за венчавки каде што беше дел од моделите кои носеа венчални фустани. На истиот настан пред три години, Лоба го покажа свршеничкиот прстен и се пофали со убавата новост. "Оваа модна ревија ми е генерална проба пред свадбата", изјави Лоба во 2016 година за дневниот весник "Вест".