(ФОТО) Луксуз од 13 милиони долари: Блејк Шелтон и Гвен Стефани ја купија својата прва куќа заедно

фото: dirt

Блејк Шелтон и Гвен Стефани го преземаат следниот чекор во нивната врска. Двојката, ја купиле својата прва куќа заедно, неверојатен имот од 13,2 милиони американски долари во Енсино, лоциран во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес.

Според Variety, куќата е сосема ново изградена, така што сè уште нема достапни фотографии. Но, на веб-страницата се објавени симулирани слики од домот, на кои, се прикажани три ката, 13.000 квадратни метри простор за живеење и најнапреден домашен театар, гаража за четири автомобили и огромен базен во дворот со спа и кујна на отворено.

Ѕвездите ќе имаат приватност, со две преголеми порти и отпорни sидови што го прават домот тотално невидлив од улица. 

Блејк и Гвен се заедно од 2015 година.

Сè уште не се открива кога Блејк и Гвен ќе се преселат во нивниот нов дом.


извор:dirt/goodhousekeeping