(ФОТО) Мајката на Џенифер Лопез има 74 години, а изгледа барем 20 години помладо
Мајката на Џенифер Лопез, Гуадалупе Родригез можеби има 74 години, но ако ја запрашате неа, таа не се чувствува старо. Всушност, да ја видите како скока на концертите на својата ќерка, ќе заклучите дека оваа жена има многу енергија и живот во себе.
Лупе, како што ја нарекуваат, е пензионирана учителка и домаќинка која во 1999 година се разведе од таткото на Џенифер, Давид Лопез. Оттогаш во целост се сврте кон грижата за семејството, особено за Џенифер, на која ѝ е голема поддршка, без разлика што и самата Џенифер веќе има 50 години.
Редовно патува со пејачката на турнеи, на кои измеѓу другото помага и се грижи за децата.
Лупе како млада имала амбиции да стане пејачка и актерка, но како што раснела во тешка сиромаштија, нејзината мајка ја одвратила од желбата да стане ѕвезда. Имено тврдела дека успехот е резервиран само за белците, а не за деградираните во американското друштво, како нив со латино корени.
Џенифер пак се изјасни дека има многи комплексен однос со мајка си и признава дека тоа често ја повредува, особено кога се расправаат. Сепак, мајката тоа не ѝ го зема за зло, но е секогаш тука за својата Џен, но затоа пак пејачката се фали со неа кај и да стигне. На еден настап ја повика заедно да заиграат на сцената, а ја изненади и со торта по повод нејзиниот роденден.
Добрите гени очигледно течат во семејството на Џенифер Лопез, затоа што и двете нејзини сестри Линда и Лесли се вистински убавици.