(ФОТО) Малиот принц Луис е копија на татко му Вилијам

Граѓаните на Англија и од целиот свет, ретко можат да видат што се случува во кралското семејство. Кесингтонската палата во Лондон објави фотографии од малиот принц Луис по повод неговиот прв роденден, кои ги направи неговата мајка, Кејт Мидлтон.

Насмеан, со црвени образи, принцот ужива во природата и многу потсетува на татко му Вилијам. 

Фотографиите ги направи војвотката од Кембриџ, која аматерски се занимава со фотографија, на семејниот имот во Норфолк.

Принцот Луис е петти во линијата за наследник на кралската круна. Со полно име Луис Артус Чарлс, се роди во 11 наутро на 23 април во 2018 година, на именденот на братот Џорџ. Како и со другите деца, Кејт веднаш со Луис позираше пред болницата во Лондон. Новите фотографии од малиот принц го докажуваат она што Кејт претходно го изјави за својот син, дека е многу активно дете.

Кејт и Вилијам со децата: Луис, Џорџ и Шарлот по крштевката на Луис 

Неговиот роденден ќе се прослави во кругот на  семејството, со оглед на што брат му Џорџ, по католичкиот Велигден им се врати на училишните обврски. 

Фото: Ројтерс