(ФОТО) Меган Маркл и Кејт Мидлтон во исти чевли на официјален настан: Идната кралска снаа помодерна од војвотката

Добивај вести на Viber

Свршеничката на принцот Хари Меган Макрл, поранешната американска актерка, учествуваше на комеморацијата организирана по повод денот на Комонвелтот, што е нејзино прво учество на некој официјален настан во присуство на кралицата Елизабета Втора.


Нејзиното присуство на верската церемонија во Вестминстерската палата во Лондон е потврда за се поголемата вклученост во британската кралска фамилија, пред венчавката со принцот, најавена за 19 мај.

На комеморацијата присуствувале и други членови на кралското семејство, меѓу нив и принцот Чарлс, неговата сопруга војвотката Камила, принцот Вилијам , војвотката од Кембриџ и пинцот Хари.

Во пишаната порака за таа свеченост, кралицата ја величала врската на Комонвелт, кој обединува 2,4 милијарди лица во 53 земји и истакнала дека „разновидноста а не поделбата е причина за прослава“.


За оваа прилика идната војвотка Меган Маркл облекла преубава и елегантна комбинација.

Црн фустан со елегантен бел капут и баретка во иста боја. Чевлите кои ги носеше се во тегет боја и се исти како оние што ги носеше Кејт Мидлтон.

Војвотката од Кембриџ, Кејт пак за оваа пригода облекла црн фустан со долги ракави и шешир во иста боја.

Посилниот пол ги придружуваше дамите во елегентни костуми.