(ФОТО) Меланија Трамп очигледно не ја допира неверството на Трамп: Уште еднаш блесна во убава комбинација!

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп по неколку месеци одлучи да и се обрати на јавноста. А имаше и добра причина. Имено, таа им даде поддршка на младите кои направија движење кое се занимава со контрола на оружјето во Америка.


Во нејзиниот јавен говор, госпоѓата Трамп изјави дека е „погодена“ од движењето кое младите го покренале и дека се надева оти промените ќе спречуваат масовни убиства во училишта кои не престануваат да се случуват ширум Америка.


„Ме погодија фактот што децата ширум нашата земја кои го користат својот глас и се обидуваат нешто да променат. Тие се наша иднина и заслужуваат глас“.


Иако Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата дека бил неверен на својата сопруга, прашината не стивнува. Меланија очигледно застанала до својот сопруг и одлучила да тргне понатаму.