(ФОТО) МОДЕН ДЕТАЉ КОЈ МЕГАН МАРКЛ ЌЕ ГО НОСИ НА ВЕНЧАВКАТА а го носеше и принцезата Дијана на нејзината

Добивај вести на Viber

Како што наближува венчавката на познатата американска актерка Меган Маркл и принцот Хари, така дознаваме се понови и понови детали кои ќе го обележат тој ден.

Една од новостите е дека таа невеста ќе носи ист детаљ кој на својата венчавка го носела мајката на принцот , принцезата Дијана.

Тијарата која покојната принцеза ја носеше на денот на својата венчавка и во бројни други формални прилики, а која е во сопственост на нејзиното семејство, не е носена во јавност откако Дијана ја носела последен пат.

Информацијата дека Меган ќе ја носи тијарата „Spenser" на својата венчавка ја споделиле експерти од британската компанија Debrett,  која се занимава со подучување на убаво однесување во високото општество.


Тијарата „Spenser“ имала посебно значење за принцезата Дијана, па многумина ќе се сложат дека Меган Маркл не можела да избере подобар детаљ со кој ќе и оддаде почит на мајката на својот иден сопруг и со кој нејзината венчаница ќе изгледа уште попосебна. Тијарата е изработена во облик на раскошен цвет од дијамант и сребро , а на средината има срце, симбол на љубов.

И Кејт Мидлтон носела тијарата „Lover's Knot“, која исто така и припаѓала на принцезата Дијана а ја добила како подарок од кралицата Елизабета Втора кога се мажела за принцот Чарлс.