(ФОТО) МОДЕН ДВОБОЈ НА КРАЛИЦИТЕ: Максима со впечатлив стил плени воздишки, Ранија беспрекорна како и секогаш
Холандската кралица Максима се потрудила со својот изглед да биде во центар на вниманието во текот на свечената вечера во Хаг на која присуствувала и јорданската кралица Ранија.
Немало личност која не се свртела за Максима во впечатливата жолта тоалета со карнери.
Холандската кралица инаку е позната по своите храбри модни комбинации и досега имавме многу пати шанса да ја видиме во силни бои и со ефектни шешири. За оваа вечера Максима својот изглед го дополнила со впечатлив накит и жолта чанта.
За разлика од неа, кралицата Ранија се одлучила за помалку впечатлива, но многу елегантна креација.
Во долг црн фустан со цветни детали јорданската кралица успеала да донесе доза од својата егзотична земја во Холандија, со мала црна клач чанта.
На свечената вечера присуствувале и посилните половини на убавите кралици, холандскиот крал Вилем Александар со кој Максима има три ќерки и јорданскиот крал Абдулах кој е татко на четирите деца на Ранија.