(ФОТО) Му посвети песна: Како изгледа денес првата љубов на Цеца

Првиот човек од јавната сцена што го привлече вниманието на пејачката беше згоден спортист.

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше во брак со Жељко Ражнатовиќ Аркан до неговата смрт, и не се зборуваше многу за нејзиниот љубовен живот пред и по него.

Но неодамна беше објавено како изгледа сега Владимир Цветковиќ Цвеле, единственото момче што Цеца го покажа на јавноста по Аркан.

Сега се враќаме на нејзината љубов пред брак, односно романсата со поранешниот фудбалер и претседател на Црвена звезда, Владан Лукиќ.


Љубовта меѓу двајцата е родена во 1989 година, кога тој беше познат играч на Црвена звезда а таа пејачка во подем, која градеше кариера во Белград. Кога се запознале тој имал 18 години, а таа само 15 години.

Нивната љубов го исполни печатот на домашните медиуми, дури се пишуваше дека тие се вериле и се подготвувале за венчавка, но тие се разидоа во 1990 година, кога Владан се приклучил на армијата.

Според извештаите во медиумите, нејзиниот голем хит „Пуштете ме да го видам“ (

"PUSTITE ME DA GA VIDIM") е посветена на него.

фото:ATAImages

За време на бомбардирањето на Србија, Лукиќ играше во Мец, Франција, но не можеше да издржи да игра фудбал додека страдаа неговите луѓе и се врати во Србија. После тоа, тој играше во Грција една година и ја заврши својата кариера на само 30 години.

извор: glossy.espreso.rs