Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИТЕ ДВОЈКИ НА ОСКАРИТЕ
И оваа година, најголемите светски ѕвезди со своите подеднакво модерни партнери прошетаа во гламурозни креации на 91-то издание на оскарите. Особено шест двојки се издвоија на црвениот килим.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез беа модно усогласени во креации на Том Форд
Ѕвездата од филмот „Боемска рапсодија“, Рами Малек, со неговата девојка Луси Бојнтон беа вистинско освежување, а се одлучија за модната куќа Ив Сент Лоран
Одлично изгледаа и актерот Бредли Купер со неговата партнерка Ирина Шајк која се одлучи за црн фустан на Брбери
Кристијан Бејл со сопругата Сиби добија само пофални зборови
Номинирниот актер Вилијам Дефо и неговата сопруга, режисерката Џада Колагранде изгледаа одлично
Контрастот може да изгледа совршено: Ејми Адамс и Дарен Ле Гало