(ФОТО) Најдоброто издание до сега: Радмила Шеќеринска женствена во бојата не сезоната

Добивај вести на Viber

Ако некогаш некоја наша политичарка изгледала најдобро што може, тоа е токму овој изглед на Радмила Шеќеринска. Позната е по добриот осет за мода, знае што точно и прилега и скоро никогаш не била пренападна и екстремна. Се во гранците на пристојноста, практичноста и доброто облекување.

Но со овој изглед во впечатлива розова боја која неколку сезони е во тренд и е прилично тешка за комбинирање, ситни копчиња обложени со материјал, стиснати едни до други и уникатен брош со прозирни и розови кристали е веќе нешто сосема врвно. 

Розовата боја симболизира романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност.

Меланија Трамп и кралицата Летиција, двете модни икони на денешницата се облекуваат многу слично како овој пример со Шеќеринска. Воочливо, а сепак инспиративно и пријатно за око. 

Н.Т.