(ФОТО) Шеќеринска во модерно плисирано здолниште кое мора да го имате

Добивај вести на Viber

Вчера во официјална посета на нашата земја беше Британскиот принц Едвард.

55-годишниот син на кралицата Елизабета беше пречекан од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Таа на скопскиот аеродром се појави во одлична модна комбинација.

Плисирано здолниште во нежна крем боја и црно струкирано сако, беа одличен избор за ваков дочек. Елегантните црни обувки на ниска потпетица со детали кои одговараа на брошот на сакото, беа полн моден погодок.

- Ми беше чест да го пречекам Prince Edward, Earl of Wessex, најмладиот син на британската Кралица Елизабета. Уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу Северна Македонија и Велика Британија- напиша Радмила Шеќеринска на својот профил на Фејсбук.


Фото: Официјален профил на Фејсбук на Радмила Шеќеринска